|

European Business
Competence* Licence (EBC*L)
е етаблирана европска и
меѓународна квалификација
која докажува дека лицето
кое го поседува сертификатот
има основно знаење кое е
потребно да започне или да
води бизнис, да менаџира или
да води одделение во средна
односно голема компанија.
EBC*L сертификатот е доказ
кој демонстрира бизнис
компетенции.
За кого е наменет
сертификатот?
Сертификатот е наменет за
ученици, студенти и за сите
оние кои не студирале
економија, но имаат или ќе
имаат клучна функција во
компанијата. Тоа се
вработени или сопственици на
бизнис, проектни менаџери,
техничари, трговци,
раководители на
организациски единици и
слично. Сертификакот ги
зајакнува и бизнис вештините
за вработени во јавната
администрација и локалната
самоуправа.
Сертификатот може да се
полага во
33 земји
низ цел свет,
а од 2007 година и во Македонија во
акредитирани испитни центри
во целата држава.
Каталогот на целите за учење
е развиен во соработка со
експерти од бизнисот и
образованието и е точно
специфицирана процедура за
испит која го осигурува
квалитетот на стандардот,
независно од земјата,
независно од градот и од
институцијата каде се
одржува испитот.
Сертификатот се издава од
International Centre of EBC*L
во Виена.
EBC*L има 3 степени, а во
Македонија може да се
полага степен А.
Во степенот А се
обработуваат следниве теми:
-
Бизнис цели и менаџмент
показатели
-
Сметководство
-
Анализа на трошоци и
утврдување на цени
-
Трговско право
Многу познати фирми како
Xerox,
Т-Мобиле, Samsung, Bayer,
Siemens, UNIQA, Victoria
Insurance, RAG-Konzern и
други веќе го интегрираа
Европскиот сертификат за
бизнис компетенции
(EBC*L) во нивните
едукативни програми.
EBC*L во многу европски
држави се интегрира во
наставните планови на
училиштата и високо
образовните институции, и за
истиот се добиваат
ECTS
кредити (European
Credit Transfer System).
Исто така се применува за
обука на претприемачи и во
делот на подобрување на
бизнис компетенциите на
невработените лица во
соработка со Агенциите за
вработување, односно
работните клубови.
|