На 18 декември во Скопје ќе се одржи првата Национална конференција на EBC*L Македонија. Цел на Конференцијата е размена на искуство помеѓу сите испитни центри, проектни лидери, нивни заменици и обучувачи.
Дел од Конференцијата ќе биде посветен на развојот на Европскиот сертификат за бизнис компетенции - EBC*L во Македонија и ќе биде даден преглед на идните активности планирани за 2009 година.
За време на Конференцијата се планирани две паралелни работилници:
- EBC*L подготовка и полагање на Степен А, програми наменет за сите EBC*L обучувачи
- EBC*L администрација и маркетинг, наменет за проектни лидери и заменици
________________________________________________________________
Во организација на YES Инкубатор, Испитниот центар од Скопје, од 18 до 21-ви ноември ќе се одржи настанот Глобална недела на претприемништвото.
На овој настан, со презентација пред заинтересираните слушатели Проф.Д-р Нинко Костовски, ќе го претсатави EBC*L Сертификатот, придобивките од поседувањето на овој Европски признаен Сертификат, компаниите кои го инкорпорираат EBC*L во наставните планови за обука на своите вработени исл.
За времетраењето на настанот, на 18-ти ноември од 10:00 - 13:00 во сите испитни центри низ Македонија, сите заинтересирани лица ќе можат да учествуваат на бесплатната двочасовна EBC*L Работилница која ќе биде организирана од страна на секој испитен ценатар.
На овие работилници заинтересираните лица ќе можат подетално да се запознаат со тоа што е EBC*L, на кого сѐ може да му користи во работата и кариерата, да се запознаат со материјата која е опфатена во прирачниците од Степен А, да ги разгледаат истите, како и да се информираат за сето она што сметаат дека треба да го знаат поврзано со EBC*L испитот кај нас.
________________________________________________________________
Во Шибеник во периодот од 10-12ти Септември се одржаа две конференции организирани од страна на EBC*L Internacional:
- На 10-ти Септември се одржа конференција на тема “Доживотно учење и претприемничко образование” (Lifelong Learning and Intrapreneurship Education)
- На 11 и 12 Септември пак се одржа конференција на Националните представништва на EBC*L, на кој учество земаа делегати од сите 26 EBC*L држави.
Представниците од EBC*L Макеедонија говореа за состојбите во нашата земја, за развојот на бизнис вештините, претприемничкото учење како и промовирањето на доживотно учење во Македонија.
Конференцијата беше одлична можност за размена на искуства помеѓу земјите во регионот, како и за разгледување на можноста за започнување на взаемна соработка.
________________________________________________________________
EBC*L Champions League 2008
EBC*L ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2008 претставува престижен настан организиран од EBC*L (The European Business Competence* Licence) International со седиште во Виена. EBC*L е стандардизиран систем за испити и сертификација за: „практично-ориентирано бизнис знаење”, создаден за да овозможи меѓународно споредливи резултати. 
Право на учество имаат следниве целни групи:
- Средношколци (од 16 години)
- Студенти
- Вработени и претприемачи
Секој кој го има положено EBC*L степен А има право да земат учество на Националниот натпревар во септември 2008. Првите 3 места од секоја од трите категории ќе добијат награди, како и покана да учествуваат на Меѓународниот натпревар во ноември во Виена.
Времетраењето на EBC*L Лигата на Шампиони 2008 е од ноември 2007 до декември 2008 година.
________________________________________________________________
ПОЛАГАЊЕ НА ЕBC*L ИСПИТ:
Подетални информации околу започнувањето на подготвителните обуки и датумите за полагање, можете да добиете во секој Испитен центар.
________________________________________________________________
Regional Meeting на EBC*L
На 26 и 27 март, во хотелот Арка во Скопје се одржа првиот ЕBC*L
Регионален Состанок.На состанокот учествуваа претставници од Националните претставништва на ЕBC*L од:
- Австрија (ЕBC*L International)
- Србија
- Хрватска
- Словенија, и
- Албанија
На состанокот се разговараше за започнување на регионална соработка, започнување на активности со цел поскоро воведување на Level B во Македонија, размена на искуства поврзани со ЕBC*L Champions League 2008, активностите што секоја земја ги превзема за подобро презентирање на сертификатот во својот регион, итн.

Состанокот беше добра можност за размена на информации и искуства помеѓу земјите учеснички и запознавање со начинот на работење и промовирање на Сертификатот во другите земји.
________________________________________________________________
Учество на саеми за кариера
Би сакале да го најавиме присуството на EBC*L Македонија, на Саемите за кариера во 2008 на:
- BEST - 18-19 март 2008
- AIESEC - 14-16 април 2008-
- Скопски саем - 8-10 мај 2008
- Универзитет на Југо-источна Европа во Тетово
________________________________________________________________
Конференција на ЕBC*L Национални претставништва
2007 – Будимпешта
Во Будимпешта од 21 до 23 септември се одржа Третата Конференција на EBC*L Национални претставништва, на која учествуваа преку 45 делегати од 20 држави. Главна тема беа искуствата од Б нивото, кое во Македонија ќе започне од 2008 година, како и EBC*L Champions League 2008, проект во кој и Македонија ќе
учествува.
Конференцијата ја искористивме за презентација
на нашите 9 испитни центри и сите активности
кои се започнати во Македонија.
Ова беше одлична можност и за размена на искуства со другите држави
________________________________________________________________
УПИСИ ЗА ПОДГОТВИТЕЛНА НАСТАВА
Во тек се уписи за посетување на подготвителна настава за полагање на EBC*L испитот.
Сите кандидати кои се заинтересирани за посетување на подготвителни часови, и за полагање на испитот, подетални податоци можат да добијат во секој Испитен центар.
________________________________________________________________
EBC*L ОБУЧУВАЧИ
По успешно положениот испит за обучувачи, сертификат за ЕBC*L обучувачи добија:
- Дејан Тодоровски
- Билјана Христова
- Александра Георгиевска
- Марија Витларова
- Љупчо Деспотовски
- Тања Ташева Палифрова
- Александар Рибароски
- Горан Карапеевски
- Генци Муладаути
Сертификатот е потврда дека обучувачот може да води подготвителни обуки за полагање на EBC*L испитот во Македонија.
________________________________________________________________
ТРЕТА ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА EBC*L НАЦИОНАЛНИТЕ ПРЕТСТАВНИШТВА
Претставници од Националното претставништво на ЕBC*L Македонија ќе учествуваат на Годишната конференција на Нациналните претставништва на ЕBC*L, која што ке се одржи од 21 до 23 Септември во Будимпешта.
На оваа средба ќе имаме можност за размена на искуства со останатите Национални претставништва на ЕBC*L, како и можности за започнување на соработка со истите.
________________________________________________________________
НОВИ ИСПИТНИ ЦЕНТРИ
Од јуни 2007 во Македонија има уште 2 акредитирани испитни центри:
bblng Лингвиста ДОО во Кочани
ИТЦ ЦO. ДОО во Скопје
Ви честитаме на акредитацијата и на сертификацијата на EBC*L обучувачите .
во тек е акредитација на нови Испитни Центри, а сите заинтересирани образовни институции може да испратат барање за акредитација на office@ebcl.com.mk
________________________________________________________________
ОБУКА НА EBC*L ОБУЧУВАЧИ
На 23 јуни во националното претставништво EBC*L Македонија ќе се одржи Обука на EBC*L обучувачи. По завршување на обуката обучувачите ќе можат да водат подготвителни обуки за полагање на EBC*L во Македонија.
___________________________________________________________________________
ПРЕТСТАВУВАЊЕ НА ДЕНОВИ НА КАРИЕРА НА SEEU
EBC*L Македонија имаше штанд на Денови на кариера на Универзитетот Југо-источна Европа во Тетово на 30 и 31 мај
___________________________________________________________________________
Официјалното отварање на националното претставништво EBC*L Македонија. беше организирано на 10 Мај 2007 година во 14.00 часот во Клубот на пратеници.
___________________________________________________________________________
EBC*L Македонија учествуваше на саемот Денови на образование и кариера 2007 на Скопски саем од 19 до 21 април, 2007 година.
___________________________________________________________________________
EBC*L Македонија имаше штанд на Job Fair 2007, саем за вработување и кариера, кој го организира БЕСТ по трет пат. Саемот се одржа на 21 и 22 март 2007 година во холот на Машински факултет и Факултетот за електротехника и информациски технологии.
___________________________________________________________________________
Од февруари 2007, година Тренинг Центарот ЦС Глобал (www.csglobal.com.mk) стана национално претставништво за Европскиот сертификат за бизнис компетенции “European Business Competence* Licence (EBC*L)” во Македонија.