Дома
Актуелно
EBC*L степени
Органи на EBC*L
Целни групи
Лига на шампиони 2008
EBC*L испит
Испитни центри
Internship
Контакт
 
  NEWSLETTER
  English
  Shqip

 

 

 

 

 

 

 

 



EBC*L ИСПИТ

EBC*L ИСПИТ

Постојат два начина да се дојде до EBC*L Сертификатот:

1. Директно полагање на испитот –  Со купување на 4-те   прирачници (Сметководство, Трговско право, Анализа на трошоци, Бизнис цели и менаџмент показатели) имате право да го полагате испитот во било кој Испитен центар;

2. Посетување на подготвителна настава – Секој Испитен центар организира подготвителна настава. Сертифицирани EBC*L Обучувачи ги спроведуваат обуките, на кои се обработува материјалот потребен за испит. Подготовките можат да бидат со различно времетраење, од 30 до 80 часа. По завршувањето на подготвителната настава, се полага испитот.

Испитот се состои од писмена проверка на знаењето (тест), во траење од 2 часа, кој се спроведува во еден од акредитираните испитни центри на EBC*L. Темите на испитот се:

  • Бизнис цели и менаџмент показатели
  • Сметководство
  • Анализа на трошоци и утврдување на цени
  • Трговско право

 

 

 

 

 

Содржината  на испитот е дадена во EBC*L каталог на целите на учење. За да се положи испитот, потребно е да бидат освоени 75 % од 100-те можни поени. Испитот за EBC*L степен А содржи:

  • 16 прашања на знаење
  • 4 прашања на разбирање
  • 1 студија на случај (case stady)

Сите прашања се поставени како отворени прашања (нема Multiple choice - прашања со заокружување). Со тоа докажувате дека можете сами да формулирате одговори засновани на бизнис знаење.

Примери за испитните прашања (од примерок на испит).pdf 

 

EBC*L Претставништво Македонија

 

Авторско право © 2006 EBC*L Претставништво Австрија