Дома
Актуелно
EBC*L степени
Органи на EBC*L
Целни групи
Лига на шампиони 2010
EBC*L испит
Испитни центри
Internship
Контакт
 
  NEWSLETTER
  English
  Shqip

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Органи на EBC*L

ОРГАНИ НА ЕBC*L

Органи на EBC*L системот за испитување и сертификација се:

International Centre of EBC*L

Меѓународната централа на EBC*L е со седиште во Виена, Австрија и е оперативен носител на EBC*L. Задачата е да работи на меѓународно проширување на EBC*L, како и понатамошен развој на системот за испитување и сертификација. Ова се реализира во соработка со Советот за бизнис компетенции во Европа (Kuratorium Wirtschaftskompetenz für Europa e.V.)

Извршен директор на EBC*L International е MMag. Victor Mihalic.

Совет за бизнис компетенции во Европа (Kuratorium Wirtschaftskompetenz für Europa e. V. -KWE)

Целта на основањето на Советот за бизнис компетенции беше да се дисеминира основно бизнис знаење во образовниот и деловниот систем, како и да се прави научна т.е. академска евалуација. Неговото седиште е во Падерборн, Германија.

Претседавач на Советот е Универзитетскиот Професор Dr. Dr. Gerhard E. Ortner, од FernUniversität во Хаген.                 

KWE Charter “Business Competence for Europe”

Покрај органите кои се законски пропишани во Советот за бизнис компетенции во Европа работат уште две тела:

Мрежата за компетенции која има четири експертски совети од областа на науката, економијата, образованието, медиумите, политиката и админситрацијата

Советот на држави: секоја земја членка е застапена во Советот. Овој Совет претставува одлично место за контакт со соодветните лица и институции и во основа се грижат за квалитетот на проектите.  

EBC*L национални претставништва

EBC*L националните претставништва се одговорни за подготовка за EBC*L во секоја земја и за осигурување на квалитетот. Понатаму тие се грижат за усогласување и прилагодување на меѓународниот стандард на локалните услови и барања.                     

Одговорно лице за EBC*L националното претставништво Македонија е Афродита Кермичиева-Пановска

Една од најважните задачи на EBC*L националното претставништво е да се изгради мрежа во земјата на EBC*L испитни центри.

EBC*L испитни центри

Подготовката за EBC*L испитот и самото полагање на испитот се реализира исклучиво во акредитирани испитни центри. Тие се обврзани да се придржуваат на меѓународните стандарди и да го обучат својот кадар за администрација на EBC*L испитот.

 

EBC*L Претставништво Македонија

 

Авторско право © 2006 EBC*L Претставништво Австрија