Дома
Актуелно
EBC*L степени
Органи на EBC*L
Целни групи
Лига на шампиони 2008
EBC*L испит
Испитни центри
Internship
Контакт
 
  NEWSLETTER
  English
  Shqip

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 



Прирачници за подготовка и полагање

ПРИРАЧНИЦИ ЗА ПОДГОТОВКА И ПОЛАГАЊЕ

Прирачници за Степен А:
- Бизнис цели и менаџмент показатели
- Сметководство
- Анализа на трошоци и утврдување на цени
- Трговско право

Прирачниците се состојат од три дела:
- Теорија/Текст
- Вежби
- Речник (поимник)

Тие имаат специјализирани текстови за сите цели на учењето кои ги истакнуваат најзначајните детали поврзани со секоја посебна тема која е анализирана во прирачникот за учење за EBC*L сертификатот.
Овие теми се директно поврзани со целите на учењето на прирачникот, со што служат како помош во совладувањето на содржината. 

Во прирачниците има и вежби и тоа:
- Тест со избор помеѓу повеќе решенија (со влучени одговори)
- Тест кој треба да се пополни
- „Боси Консалтинг“, преку давање одговори на прашањата на г-дин Боси, кој е сопственик на ресторан „Карибско сонце“
- Програма (силабус) за учење која може да се пополни, со што се дава можност за изработка на сопствено дизајнирани одговори
-
EBC*L Испит пример

На крајот на секој од четирите прирачници е даден и речник.

Во рамките на речникот можност да се најдат кратки дефиниции на поважните поими засебно во секој прирачник. Речникот служи како добра референтна книга и понатаму во текот на работата.
Во прирачниците има и пример испит, но за време на подготвителните обуки се работат и други примери на испит. Подготвителните обуки ги водат сертифицирани
EBC*L обучувачи.

Што се опфаќа посебно во секој прирачник:

Бизнис цели и менаџмент показатели

По завршување на овој модул учесниците ќе бидат во состојба да:
- ги објаснат најважните цели на претпријатието;
-  ги објаснат и да ги пресметаат показателите/коефициентите кои одговараат на тие цели.

Сметководство

По завршување на овој модул учесниците ќе бидат во состојба да:
- читаат и разбираат годишни финансиски извештаи (биланс на состојба, биланс на успех) и да извлекуваат првични заклучоци;
- ги објаснат најрелевантните термини кои ќе ги најдат во финансиските извештаи.

Анализа на трошоци и утврдување на цени

По завршување на овој модул учесниците ќе бидат во состојба да:
- ги објаснат најважните цели, задачи и клучна терминологија на анализата на трошоци;
- ги објаснат општите фактори за претприемачки одлуки (пазари, клиенти, конкуренција, трошоци за продажба);
- го објаснат значењето на  стапката на придонес како централен поим во анализата на трошоци и да ја пресметаат;
- ги објаснат целите и основната структура на анализата на трошоци и на  сметководството на профитни центри, и да ги наведат причините зошто претприемачите мора да водат сметка за трошоците. 

Трговско право

По завршување на овој модул учесниците ќе бидат во состојба да:
- ги објасните карактеристиките, предностите и недостатоците на основните правни форми на деловна организација;
- ги објасните главните карактеристики на продажен договор;
- ги објасните основите на Законот за стечај, несолвентност.  

Прирачниците се користат за подготовка на испитот EBC*L. Секој заинтересиран слушател може да ги добие прирачниците во акредитиран испитен центар во негова близина.

 

EBC*L Претставништво Македонија

 

Авторско право © 2006 EBC*L Претставништво Австрија