|
Од 2003 година во Европа
постои нов стандард за
бизнис менаџмент знаење,
Европски сертификат за
бизнис компетенции
“European Business
Competence* Licence
(EBC*L)”. Тој е наменет за
неекономисти и гарантира
дека секој кој го поседува
Сертификатот издаден од
Советот за бизнис
компетенции во Европа
(Council for Business
Competence in Europe) има
основно економско знаење кое
е неопхподно во денешниот
економски, административен,
па дури и во секојдневниот
живот.
Сертификатот може да се
полага во
27 земји во Европа,
а од сега и во Македонија во
акредитирани испитни центри
во целата држава.
Каталогот на целите за учење
е развиен во соработка со
експерти од бизнисот и
образованието и е точно
специфицирана процедура за
испит која го осигурува
квалитетот на стандардот,
независно од земјата,
независно од градот и од
институцијата каде се
одржува испитот.
Сертификатот се издава од
International Centre of EBC*L
во Виена.
EBC*L има 3 степени, а во
Македонија ќе се започне со
полагање на степенот А.
Во степенот А се
обработуваат следниве теми:
-
Бизнис цели и менаџмент
показатели
-
Сметководство
-
Анализа на трошоци и
утврдување на цени
-
Трговско право
Сертификатот е наменет за
ученици и за сите оние кои
не студирале економија, но
имаат или ќе имаат клучна
функција во компанијата. Тоа
се вработени или сопственици
на бизнис, проектни
менаџери, техничари,
трговци, раководители на
организациски единици и
слично.
Многу познати фирми како
Xerox,
Т-Мобиле, Samsung, Bayer,
Siemens, UNIQA, Victoria
Insurance, RAG-Konzern и
други веќе го интегрираа
Европскиот сертификат за
бизнис компетенции
(EBC*L) во нивните
едукативни програми.
EBC*L во многу европски
држави се интегрира во
наставните планови на
училиштата и високо
образовните институции, и за
истиот се добиваат
ECTS
кредити (European
Credit Transfer System).
Исто така се применува за
обука на претприемачи и во
делот на подобрување на
бизнис компетенциите на
невработените лица во
соработка со Агенциите за
вработување, односно
работните клубови.
|